Утрински Весник
Свет

Делта варијантата на коронавирус е доминантна во 19 европски држави

Делта варијантата на коронавирус е доминантна во 19 европски држави
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Позаразна делта варијанта на коронавирус сега доминира во голем дел на Европа, објавија Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација.

Податоците собрани помеѓу 28 јуни и 11 јули покажуваат дека варијантата делта е доминантна во 19 од вкупно 28 земји.

Просечното учество на анализираните случаи на делта варијантата во овие 19 земји е 68,3 проценти. Претходно доминантната алфа варијанта достигна учество од 22,3 проценти.

Брз раст кај помладите луѓе

Бројот на потврдени случаи се зголеми во Европа во последните четири недели, со особено брз пораст кај помладите луѓе.

Според сегашните трендови, во следните месеци делта ќе стане доминантна варијанта на коронавирус во светот.

„Далеку сме од ставање крај на пандемијата и, за жал, во многу земји од нашиот регион бележиме значително зголемување на случаите поврзани со ширењето на варијантата делта со голема преносливост“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуж.

„Добрата вест е дека податоците јасно покажуваат оти приемот на вакцини значително го намалува ризикот од сериозни болести и смрт. Кога ќе бидат повикани да го сторат тоа, луѓето треба да се вакцинираат“, рече директорот на СЗО за Европа.

Можете да прочитате

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо