Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Делегација од кабинетот на Пендаровски оддаде почит на бранителите загинати кај Љуботенски бачила

Делегација од кабинетот на Пендаровски оддаде почит на бранителите загинати кај Љуботенски бачила
Img 7972

Делегација од Кабинетот на Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска положи свежо цвеќе по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила.

Цвеќиња беа положени пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Масакрот кај Љуботенски Бачила се случи на 10 август 2001 година во 8 часот наутро, откако воен камион на АРМ нагази на две противтенковски мини кај месноста Љуботенски Бачила, при што загина осум припадници на резервниот состав на АРМ. Покрај осуммината убиени, имаше и осуммина повредени.

Животите ги загубија бранителите Томе Бадаревски (33), Марјанчо Бошковски (28), Томе Димовски (37), Ивица Златевски (24), Бранко Јанев (36), Раде Јанковски (32), Томислав Настевски (27) и Гоце Чанкуловски (39), сите од Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Светски ден на менталното здравје: Мора гласно да говориме, да бидеме достапни за граѓаните за помош и превенција на психички нарушувања

ОЈО Битола вложи жалба за одлуката на судот двајца осомничени за јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во домашен притвор

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори