Утрински Весник
Македонија

Дезинфицирани улиците и јавните површини во гевгелиско

Дезинфицирани улиците и јавните површини во гевгелиско

Гевгелија,18 мај 2020(МИА) – Комуналните работници,во соработка со пожарникарите и ПЕ на центарот за јавно здравје,викендов,поради заштита од ширење на коронавирусот, ја реализираа десеттата акција за дезинфекција на улиците и јавните површини во Гевгелија и населените места во општината.

Првиот ден од викендот,според програмата и донесените мерки од страна на општинскиот кризен штаб,била извршена дезинфекција на големите сообраќајници и улици во градот и во сите населени места на територијата на општина Гевгелија,а пак во текот на вчерашниот ден беа дезинфицирани јавните површини во градот и пред сите државни и општински институции.

Паралелно со ова,по препорака на кризниот штаб,куќните совети се организираа и сами извршија дезинфекција на паркинг просторите,зеленилата пред станбените објекти како и на ходниците во колективните станбени згради.

Акциите редовно секој викенд ќе се одвиваат најмалку додека трае вонредната состојба,а може и потоа доколку биде наложена од комисијата за заразни болести и владата,соопштија од општинскиот кризен штаб во Гевгелија. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ