Утрински Весник
Македонија

Дезинфицирани супермаркетите во Oпштина Центар

Дезинфицирани супермаркетите во Oпштина Центар

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Општина Центар информира дека континуирано продолжува со грижата за здравјето на своите граѓани и презема мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

По препорака на Општина Центар, како што се наведува во соопштението, извршена е дезинфекција на супермаркетите на територија на Општината. За безбедност на купувачите и вработените дезинфицирани се маркетите на Веро, Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Кам маркет и Стокомак и тоа корпите и количките за пазарување, подовите и површините кои се во допир со потрошувачите, како што се фрижидерите, услужните пултови, наплатните каси и вратите.

Општина Центар потсетува дека спроведе повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини со кои беа опфатени улиците, парковите, детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема. Извршена е и дезинфекција на сите влезови во станбените згради и поставивени се гелови за дезинфекција на раце во влезовите. Дезинфицирани се и сите воспитно-образовни установи на територијата на Општината.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш апелираат до сите граѓани доследно да се почитуваат предвидените мерки за зголемена безбедност со што ќе се спречи ширењето на вирусот. мд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани