Утрински Весник
Македонија

Дезинфицирани просториите на Општина Бутел

Дезинфицирани просториите на Општина Бутел

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Службите на Општина Бутел во однос на справување против ширењето на коронавирусот викендот изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија.

Општинските служби, како што информираат оттаму, темелно ги дезинфицираа просториите во општинската зграда, потоа дезинфицирани беа сите автобуски постројки. Со одобрение на Здравствениот Дом на Скопје дезинфицирана беше и амбулантата, и воедно сите објекти кои се лоцирани на локалниот пазар во Бутел, а благодарение на Скопски пазар, како општествено одговорна компанија.

Дополнително на ова, информираат дека во рамките на оваа акција во справување против ширењето на коронавирусот, општина Бутел во наредните денови ќе ги дезинфицира сите градинки и основни училишта кои се на територија на општината. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата