Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Кочани, 30 март 2019 (МИА) – Локалната самоуправа на Зрновци успешно ја реализира акцијата за дезинфекција на јавните површини и дворовите на семејните куќи во сите населени места во општината, како дел до мерките против коронавирусот што ги донесе општинскиот Кризен штаб.

За потребите на акцијата беа обезбедени пет илјади литри средство за дезинфекција и заштитни маски што им се делеа на домаќинствата. Задно со вработените во комуналното претпријатие „Водна кула“, со рачни и моторни пумпи граѓаните ги прскаа улиците, тротоарите, парковските површини, како и влезовите пред семејните дворови.

– За поздравување е големиот интерес и масовното учество на граѓаните во акцијата, што значи дека се свесни за сериозната состојба и оти само сплотени можеме да го спречиме ширењето на заразата. Во моментот имаме само две лица за кои се применува мерката за домашна изолација. Сепак, останува нашиот апел дека најдобрата превентива е да се седи дома и да се прават што помалку меѓусебни контакти. Засега граѓаните на Зрновци се претпазливи при купување намирници, користат гел за дезинфекција и пред пазарувањето и после наплатата, а надвор го држат препорачаното меѓусебно растојание, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Редовната дезинфекција на главните улици во населените места во општина Зрновци ќе продолжи и во текот на оваа недела, а за дневните потреби за прскање се обезбедуваат по околу две илјади литри дезинфициенс.

Слични активности во сите населени места реализира и Општина Чешиново-Облешево при што се опфатени улиците, влезовите пред институциите и другите јавните површини. За поефикасна дезинфекција е ангажирано комунално возило со прскалки, а се користи и механизација од општинското комунално прептијатие. та/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ