Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на јавните површини во Општина Аеродром

Дезинфекција на јавните површини во Општина Аеродром

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Општина Аеродром почна со интензивно чистење и дезинфицирање на јавните површини во општината. Со чистење и дезинфекција се опфатени сите улици, детските и спортските игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци и целокупната урбана опрема.

Од Општина Аеродром информираат дека за состојбата со коронавирусот, согласно препораките на Министерството за здравство, преземени се превентивни мерки за заштита од КОВИД-19.

Воведена е телефонска линија со бројот 070/297-140 на кој граѓаните ќе можат да побараат помош за набавка и достава на прехранбени производи и лекови. Во соработка со Црвен крст формирани се тимови за помош и поддршка на стари и изнемоштени лица, а им се препорачува на управителите на станбените згради да почнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територијата на Општината.

-Општина Аеродром е целосно посветена кон заштита на јавното здравје и апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, се вели во соопштението. мд/са.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Концерт по повод денот на жената ќе се одржи во филхармонија

Хоџа: Одложен процесот за избор на директор на АЕК

Телма открива за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско