Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари лица „Аеродром“.

Како што соопшти Општината, ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид-19.

Општина Аеродром, се вели во соопштението, редовно врши дезинфекција со што се опфатени сите детски и спортски игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци, како и целокупната урбана опрема. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана

Димитриевски: Јас од плата не живеам, немам проблем со намалување на функционерските примања

Во Македонија од 61 лиценцирана фирма, на 14 им е одземена дозволата за производство на канабис