Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата Дрисла

Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата Дрисла

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје, спроведена е акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.

Како што соопшти Град Скопје, во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла.

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК