Утрински Весник
Македонија

Дезинсекција против крлежи и ларви од комарци во Куманово

Дезинсекција против крлежи и ларви од комарци во Куманово

Куманово, 24 април 2020 (МИА) – На 28 и 29 април на подрачјето на Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи, информираа денеска од општината.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе, така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш третманот ќе се одложи за наредниот ден.

-Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите, соопштија од општината.

На 28 и 29 април на подрачјето на Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел
уништување на ларвите на комарците. Ова е втор третман за оваа година, кој ќе се врши на стоечки води (бари покрај реки, непроточни потоци) во општината.

Од одделението за јавни набавки, претходно информираа дека за дезинсекција против крлежи, дертизација против глувци, ларвициден третмам и тереситичка дезинскеција за оваа година одвоени се милион 180 илјади денари со вклучен ДДВ. Третманите по четирите ставки ќе се спроведуваат во неколку наврати на годишно ниво. На тендерот избрана е компанијата „Плант Медика“. ам/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години