Утрински Весник
Македонија

Дежурни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори

Дежурни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утре ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства, за следење за нерегуларности поврзани со изборите.

Ова е дел од работата на новоформирамата  привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.

Јавниот обвинител во Јавното обвинителство, Џељаљ Бајрами, е определен за претседател на комисијата. Членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

Членовите на комисијата, како и вработените вклучени во нејзината работа, на дневна основа ќе ги следат сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Јавното обвинителство  потсетува дека во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​

Можете да прочитате

Струјата поскапува: Еве колку ќе плаќаат домаќинствата

Приведен 16-годишник, со автомобил предизвикал сообраќајка

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении