Утрински Весник
Македонија

Девојче почина од компликации од грип на Клиниката за детски болести

Децата кои беа оставени во возило во Ново Лисиче во добра здравствена состојба

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девојчето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип, што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.

Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

– Ги имаме и на Инфективната клиника и на Детската клиника. Во текот на изминатата недела не е регистриран смртен случај, потенцира д-р Кузмановска. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ