Утрински Весник
Свет

Девојче починало три дена откако било откриено дека има коронавирус

Девојче починало три дена откако било откриено дека има коронавирус

Деветгодишно девојче од Сан Антонио почина во сон само три дена откако се покажало дека има коронавирус, иако немало посериозни симптоми, пренесуваат американските медиуми.

Родителите на Мекензи Гонгора сакаат да ја предупредат јавноста дека Ковид-19 може да биде опасен и за децата.

Мајката ја однела Мекензи во болница на 29 јануари, откако им се пожалила на вработените во дневната соба за главоболки и болки во стомакот. Тие и ја измериле температурата и рекле дека има покачена температура, а во болницата направиле тест за коронавирус и тој испаднал позитивен.

Во интервју за „Тудеј“, Ерика Гонгора, тетката на Мекензи, изјавила дека девојчето немало потешкотии со дишењето кога била испратена дома од воено-медицинскиот центар „Брук“.

„ Тие ѝ рекле на снаата да ја однесе дома, да ја покрие и да ѝ измери температура. Ако ѝ се покачи температурата или се појават нови симптоми, веднаш да биде пренесена во болница“, додаде тетката на девојчето.

Следните неколку дена симптомите биле благи, а на 1 февруари Мекензи се пожалила на болки во стомакот и замор. Таа си легнала порано, а во раните утрински часови на 2 февруари починала во сон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk