Утрински Весник
Свет

Девојче излажало дека е силувано, по што роднини претепале до смрт невин човек

Група луѓе наводно силувале и претепале до смрт невин човек откако 10-годишно девојче „на шега излажало“ дека ја нападнал.

Девојчето тврдело дека возач на камионот, Дмитриј Чикваркин (48), ги допирал неа и уште едно тригодишно девојче под половината, откако тој ги одвезол до дадилката во рускиот град Верхњаја Пишма.

Таткото на девојчето, Сергеј Чабин (33) и неговата девојка, Валери Дунаев (25), мајка на другото дете, се обвинети дека го нападнале Чикваркин со помош на тројца пријатели, откако ја слушнале приказната на девојчето.

„Прво го силуваа, а потоа му ја скршија главата со истата цевка. Ја нападнаа и дадилката затоа што се обидела да го заштити Чикваркин”, соопшти полицијата.

Возачот на камионот, исто така татко на шестгодишно девојче, бил жив кога групата заминала, но подоцна починал поради повредите. Дунаева и Чабин, заедно со наводниот соучесник Михаил Иванов (27) се уапсени откако полицијата утврдила дека обвинението е измислено. Другите двајца мажи кои учествувале во убиството се во бегство.

Сите четворица би можеле да се соочат со доживотен затвор, додека Дунаева би можела да издржи до 20 години затвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија