Утрински Весник
Македонија

Девојка од Долно Лисиче со автомобил удрила во две паркирани возила, со тешки повреди е пренесена во болница

Дваесет и осум годишна девојка од селто Долно Лисиче, доцна синоќа по 3 часот удрила во две паркирани возила на булецарот Браќа Ѓиноски  во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

„Патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од с.Долно Лисиче, скопско, удрило во две паркирани патнички возила со гостиварски регистарски ознаки, и тоа „БМВ“, паркирано од О.Ч.(48) од Гостивар и „БМВ“ паркирано од М.Ќ.(64) од с.Галичник“, информираа од МВР.

По несреќата, А.С. е пренесена во Ургентен центар Гостивар, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

МВР со записник за синот на директорката во Демир Хисар – влегол во училиштето без дозвола

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

Меџити: 24 години од Охридскиот рамковен договор – трајна обврска за заедништво и еднаквост