Утрински Весник
Спорт

Девојката на Буфон: Можам да се пензионирам пред Џанлуиџи да ја заврши кариерата

Буфон добива нов договор во Јувентус

Торино, 27 април 2020 (МИА) – ТВ водителката Иларија Д’Амико, девојка на голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, даде прогноза дали голманот ќе го продолжи договорот. Претходно, тој рече дека нема намера да ја прекине кариерата.

– Можам да се пензионирам пред Буфон да ја заврши кариерата. Зборувавме за сè, бидејќи сме заедно веќе шест години. Но, ние имаме правило – никогаш не сакам да го знам составот пред мечот, вели Д’Амико.

Нашиот син Леополдо има четири години, тој е луд за фудбалот. Како мајка, верувам дека тој нема да тргне по овој пат, затоа што страдам како луда кога игра Џиџи. Се чини дека натпреварот никогаш нема да заврши, додава партнерката на Буфон.

Иларија има 46 години. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина