Утрински Весник
Спорт

Девин Хејни стана „крал“ во лесна категорија

Aмериканскиот боксер Девин Хејни стана неприкосновен светски шампион во лесна категорија, победувајќи го Австралиецот Џорџ Камбосос со едногласна одлука на судиите во борбата што се одржа ноќеска пред речиси 42 илјади гледачи на стадионот Докландс во Мелбурн.

Актуелниот шампион на ВБЦ, со 28. професионална победа, ги презеде ремените на 28-годишниот Австралиец во светските верзии ВБА, ИБФ и ВБО, со што стана првиот неприкосновен крал во лесна категорија, 32 години по Пернел Витакер во 1990 година.

Но, Хејни го надмина својот претходник, бидејќи беше првиот во „ерата со четири ремени“ (од 2004 година) кој ги спои сите титули и на тој начин дојде во друштво на седум боксерски професионалци кои успеаја да го направат тоа пред него во другите тежински категории.

Теренс Крафорд и Џош Тејлор успеаја во суперлесна категорија, Џермел Шарло во супер полутешка категорија, Бернард Хопкинс и Џермејн Тејлор во средна категорија, Саул Канело Алварез во суперсредна категорија и Олександр Усик во полутешка категорија.

> Девин Хејни стана „крал“ во лесна категорија <

Можете да прочитате

IN MEMORIAM: Слободан Трајковски, велосипедски активист и човекот што го развиори македонското знаме на „Тур Д`Франс“

Јокиќ со трип-дабл, а дабл-дабл за Дончиќ, Зубац, Нуркиќ, Вучевиќ

Џек Милер: Имав среќа, се извлеков