Утрински Весник
Македонија

Деветто издание на конференцијата за социјален активизам „Engage“

Деветто издание на конференцијата за социјален активизам „Engage“

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Во организација на РадиоМОФ и Младинскиот образовен форум (МОФ), во Младинскиот културен центар (МКЦ) се одржа деветтото издание на конференцијата за друштвен активизам „Engage“.

Како што информира организаторот, деветта година „Engage“ обезбедува платформа за собир на македонски и странски активисти, поединци и заедници кои се борат за општествена промена.

Конференцијата ја отвори Сара Мардини со својата приказна за патот како бегалка за време на војната во Сирија и нејзиниот ангажман како активистка за човекови права.

– Мора да бидеме гласни за оние кои не можат да бидат и да размислуваме за кого гласаме пред да го направиме тоа, изјави Мардини.

Ена Бендевска и Калиа Димитрова од платформата „Медуза“, со својот инспиративен говор ги натераа присутните да размислуваат за поддршката што треба да ја дадеме како општество, особено кога се работи за жени жртви на насилство и притисокот што треба да го правиме за да добиеме одговорни институции.

Пред присутните се обрати и кинематограферот Фејми Даут од „Медена земја“, кој рече дека сите учат од Атиџе.

– Од денот кога почнавме да снимаме па се до денес учиме од Атиџе. Со нејзината смиреност и едноставност таа е многу посреќна од нас. Мојата презентација и она што сметам дека треба да се види, имавте прилика да го гледате веќе една година, сподели Даут.

На деветтиот „Engage“ се зборуваше и за демократијата, животната средина и човековите права. До крајот на конференцијата остануваат говорите на Бесијан Мехмети, кој ќе зборува за модерната архитектура и како училиштата од иднината создаваат нови можности за поквалитетно образование, Дан Лахав, како вештачката интелигнеција може да се искористи во подобрување на јавниот дискурс. Горан Кунгуловски ќе зборува за ДНК инженеринг, Михал Возниак за корупцијата и демократијата и Антонио Михајлов за првата парада на гордоста во нашата земја. Овој дел може во живо да се проследи на facebook страницата на РадиоМОФ или на engage.mk.

Првпат оваа година „Engage“ организираше и младинска сцена, „Engage Youth“ на која млади активисти и иноватори споделија искуства од нивната досегашна работа. Младиот Сашо Јандрески од Прилеп го презентираше шпирицот кој го откри со цел да им помогне на здравствените работници да се заштитат од зараза од Хепатит Б и Ц. На оваа сцена зборуваа и екипата на Адромета – платформа каде младите споделуваат искуства со врсничко насилство и Кариерниот центар од Гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје кои го раскажаа своето искуство за организирање на настанот „Просветителка“. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Од минималната плата од 8 илјади во 2017, сега стигнавме до 24 илјади денари

Вкупно три лица повредени во две сообраќајки во кичевско

Мицкоски: Би било лудо ако како Влада прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра