Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Деветмина Сенегалци позитивни на коронавирусот

Деветмина Сенегалци позитивни на коронавирусот
Img 7972

Фудбалската репрезентација на Сенегал, без пола екипа, попладнево против Зимбабве, ќе го отвори Купот на Африка. Континенталниот шампионат на Африка ќе се одржува во Камерун до 6.февруари.

Сенегал, пред првиот натпревар има деветмина заразени репрезентативци, Според медиумите, се започнало со Калиду Кулибали, за кого и од Наполи потврдија дека е позитивен на коронавирусот.

Потоа позитивни тестови добиле: Едуар Менди, Фамар Диједу, Сали Сис, Баба Дијенг, Маме Тијам, Папа Сар, Нампалисо Менди и Алфред Гоми.

Барем засега нема назнаки дека натпреварот Сенегал-Зимбабве, кој на програмата е од 14 часот, би можел да биде одложен.

> Деветмина Сенегалци позитивни на коронавирусот <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН