Утрински Весник
Свет

Деветгодишно момче загина од удар на гром во Црна Гора

Во селото Краденик, во Цран Гора во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загинало деветгодишно момче А.Ф. а едно женско лице било повредено, но не побарало лекарска помош, јавуваа тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето загинало додека вршело земјоделски работи.

Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го пронашле детето без знаци на живот, па не помогнала ниту реанимацијата која следела.

Несреќното момче му помагало на семејството кое го собирало сеното на ливадата, кога почнало невремето.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција