Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дебранец заработи кривична пријава за непочитување на полициски час

Дебранец заработи кривична пријава за непочитување на полициски час
300x250 opst2

Дебар, 25 мај 2020 (МИА) – Дебранец заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

-Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Л.А.(23) од Дебар. При извршена контрола на 11 овој месец во 22:45 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Џавит Уштеленца“ во Дебар. Притоа, констатирале дека тој, нема дозвола за движење во полициски час, издадена од надлежен орган, изјави  Димоски.

Од прогласувањето на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид-19, ОВР Дебар има поднесено десеттина кривични пријави за дебрани кои го сториле истото казниво дело.Последната пријава беше поднесена на 18 овој месец против 38- годишен жител на Дебар.

Според Димоски во текот на изминатото деноноќие,  за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на ОВР Дебар не се регистрирани непочитувања на истите. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Инаку, во Дебар, кој беше првото жариште на Ковид-19 во државава со денешниот, точно 40 дена, не се регистрирани новозаразени лица. Бројот останува 51(две лица од Центар Жупа),од нив излекувани 47, а починати се четворица, тројца мажи од Дебар и жена во Центар Жупа, која со сопругот беа и првозаразени. Во двете општини нема лица ниту во изолација, ниту во самоизолација.вт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче