Утрински Весник
Македонија

Дебата: Финансирање и регулација на јавниот медиумски сервис

Дебата: Финансирање и регулација на јавниот медиумски сервис

 

Скопје, 11-12 февруари, 2020

ИЗЈАВА

Делегатите присутни на националната тркалезна маса за финансирање и за управување на Јавниот медиумски сервис во Република Северна Македонија, организирана во рамките на регионалниот проект „Техничка помош на јавните медиумски сервиси во западен Балкан„, финансиран од Европската унија, вклучувајќи ги претставниците на парламентот, владата, цивилниот сектор, регулаторното тело и јавниот радиодифузер – Македонска радио телевизија (МРТ), ја изразија својата загриженост за тешкотиите на јавниот радиодифузен сервис во исполнувањето на обврските кон општеството поради проблемите од финансиска и правна природа, како и поради административните пречки.

Потенцирајќи ја важноста од професионален, кредибилитетен и соодветно финансиран јавен медиумски сервис, којшто придонесува за плуралистичкиот дискурс, за демократијата и за кохезијата во општеството, редовно оценувани од страна на Европската комисија во нивните извештаи за напредок, делегатите на Конференцијата препорачуваат дека сите релевантни институции, вклучително и цивилниот сектор, со заеднички сили да ги упатат следните итни прашања, што треба да бидат решени како приоритет веднаш по формирањето на новата влада:

– Да се обезбеди почитување на законските решенија и правилна имплементација на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а посебно на одредбите што се однесува на независноста на јавниот медиумски сервис и неговото финансирање

– Да се ревидира моделот на финансирање на Македонската радио телевизија, со анализа на недостатоците на постојниот модел и со обезбедување на независно и стабилно финансирање на јавниот радиодифузер со јасно дефинирана временска рамка. Финансиската стабилност и поддршка претставува гаранција за правилно функционирање и развој на Македонската радио телевизија.

– Да се изземат вработените во јавниот сервис од генералната рамка на управување со јавните службеници и да и обезбеди на Македонската радио телевизија институционална независност во изборот за вработување и отпуштање на работна сила.

– Да се обезбеди дека законските одредби што се однесуваат на јавниот медиумски сервис се во функција и дека управувачките/надзорните тела треба да се сеопфатно надлежни во оваа област и истите да бидат приоритетни во однос на одредбите од другите закони коишто не се во согласност со институционалната независност на јавниот медиумски сервис.

– Да се обезбеди дека владата ја почитува инстуционалната и уредувачката независност на јавниот медиумски сервис и не се меша во плановите, извештаите и стратегиите на МРТ.

– Да се предложат неопходни правни амандмани коишто ќе ги осигураат независноста, флексибилноста, развојот и правилното функционирање на Македонската радио телевизија.

Сите учесници ја поддржуваат и ја охрабруваат Македонската радио телевизија да ги обезбеди следните активности:

– Македонската радио телевизија да обезбеди високо квалитетни содржини, веродостојни и непартиски информации и да стекне доберба и поддршка од општество

– Македонската радио телевизија да биде достапна до сите групи во општеството на сите платформи

– Македонската радио телевизија да работи на нејзината рационализација и оптимизација и да ја претстави стратегијата за нејзиниот среднорочен развој

– Македонската радио телевизија да организира редовни дебати со општеството и да комуницира за своите визии, мисии, предизвици и цели

– Македонската радио телевизија да остане крајно посветена на транспарентноста и одговорноста кон општеството

Делегатите присутни на конференцијата силно ја поддржуваат имплементацијата на Заедничките регионални принципи за финансирање на јавните медиумски сервиси усвоена на Регионалната конференција во Сараево (мај 2019) и на Заедничките регионални принципи за управување на јавните медиумски сервиси усвоена во Белград (јануари 2020). Учесниците, исто така, ја поддржуваат проектната активност на националната група за проценка која ќе работи на имплементацијата на горенаведедните принципи.

Македонска радио телевизија и Проект за техничка поддршка на јавните медиумски сервиси во западен Балкан

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани