Утрински Весник
Македонија

Дебар најдоследен во почитувањето на одлуката за забрана за движење на подрачјето на СВР-Охрид

Дебар најдоследен во почитувањето на одлуката за забрана за движење на подрачјето на СВР-Охрид

Дебар, 20 април 2020 (МИА) – Според полициската статистика на Секторот за внатрешни работи од Охрид, жителите на Дебар се најдоследни во почитувањето на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на новиот корона вирус.

Тоа споредено со жителите од останатите општини, кои ги покрива Секторот, Охрид, Струга и Кичево, односно подрачјата кои ги покриваат Одделенијата за внатрешни работи од споменатите градови.

-Мора да се истакне доследноста на граѓаните на Дебар и околните населби за нивното дисциплинирано придржување до препорачаните мерки и насоки во врска со спречувањето на
ширењето на Ковид-19. Во Дебар, од воведувањето на одлуката за забрана за движење и групни собирања, значи повеќе од еден месец, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема
сообраќајни незгоди и кражби а имаше мал број на прекршувања на одлуката за забрана за движење, за што Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава во согласност со членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, изјави за МИА,Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Упатувајќи балагодарност на совесното однесување и соработката со полициските службеници, Димоски  апелира и понатаму строго да се почитуваат препорачаните мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Во продолжениот полициски час улиците во двете општини се празни. Ретко може да се види само по некој земјоделец со потребната механизација за извршување на пролеттните сеидбени работи, возила на лица кои имаат дозвола за тоа, како и полициски службеници. вт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура