Утрински Весник
Македонија

Дебар еден месец без новозаразени со Ковид-19

Двајца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење

Дебар,15 мај 2020 (МИА) –  Во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во државава и во последното 30-то по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19.

Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија. Од вкупната бројка 47 се излекувани
додека четворица починаа.

– Денешните податоци од Министерството за здравство потврдуваат дека веќе еден месец нема новозаразени со Ковид-19. Тоа значи дека епидемиолошката состојба е стабилна, но сепак апелираме и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи токму дисциплината е еден од главните елементи кои доведоа до надминување на претходната состојба, велат од
општинскиот Оперативен штаб.

Кога станува збор за почитувањето на мерките и препораките дебрани и понатаму со одредени исклучоци, пред се околу носењето заштитни маски, тоа го прават најсовесно.

И во текот на изминатото деноноќие не е регистриран прекршок за време на полицискиот час, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. вт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме