Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Дебарското муфтиство препорачува верниците молитвите да ги вршат дома

Дебарското муфтиство препорачува верниците молитвите да ги вршат дома
Img 7972

Дебар, 12 март 2020 (МИА) – Поради сериозноста од проширувањето на опасниот коронавирус, од кој во дебарскот регион се заразени седум лица, дебарското муфистство, преку соопштение ги замолува верниците молитвите да ги вршат во своите домови.

Иако е право на секој верник да одлучи дали ќе оди на молитва во џамија или истата ќе ја врши од дома,се замолуваат, сепак тоа да го прават дома,со цел да се заштитат себе си и другите.

– Во консултација со Реисатот на Исламската верска заедница се бара од сите верници, посебно повозрасните и хроничните болни, во следните две недели, петте дневни молитви да ги вршат дома. Истото се однесува и за петочната молитва(џума) на која во џамиите се собираат најголем број на верници. Се одлагаат и сите предавања,стои во соопштението.

Дебарското муфтство ги опфаќа општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река.

Инаку, од вкупно деветте потврдени случаи на заразени со Ковид-19 седум се од дебарскиот регион, од нив двајца од Центар Жупа и пет лица од Дебар. Многу поголем е бројот на оние кои се во домашна изолација,меѓу нив и здравствени работници. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење 

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира