Утрински Весник
Македонија

Дебарските сообраќајни полицајци делеа едукативни флаери за заштита од Ковид-19

Дебарските сообраќајни полицајци делеа едукативни флаери за заштита од Ковид-19

Дебар,13 јуни 2020 (МИА) – Сообраќајните полицајци од Одделението за внатрешни работи во Дебар денеска  на возачите и патниците им делеа заштитни маски и едукативни флаери за заштита и спречување на ширењто на Ковид-19.

Ваква активност се реализираше на два пункта, кај месноста Мелнички Мост на влезот во Дебар од регионалниот пат Маврово-Дебар и кај градскиот стадион, на влезот во Дебар на патот од Струга.

Кај градскиот стадион ги затекнавме полициските службеници Кимет Поцеста и Вулнет Торте, кои срдечно на возачите и патниците и непосредно им ги објаснуваа мерките за заштита кои треба да почитуваат.

– Им кажуваме дека е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата, која може да биде заштитна маска, било да е тоа респиратнорна, хирушка или текстилна, потоа памучна марама, шал и слично. Им укажавме меѓу другото и на тоа дека заштитна опрема не е задолжителна доколку патуваат во патничкото моторно возило со членови на семејството со кои заено живеат, ни рекоа Кимет и Вулнет.

Сведоци бевме дека двајцата ги објаснуваа и препораки каде треба а каде не треба носење заштити маски, препораката за избегнување групни собирања, потребата од почесто миење и дезинфекција на рацете.вт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“