Утрински Весник
Македонија

Дебарските полицајци го одбележаа денот со превентивна кампања

Дебарските полицајци го одбележаа денот со превентивна кампања

Дебар, 7 мај 2020 (МИА) – Денот на македонската полиција, дебарските полициски службеници го одбележаа со превентивна кампања посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштита од Ковид-19 и придржување до препораките за задолжително носење заштитни маски.

– Полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици поделија пакети заштитна опрема што опфаќа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал. Голема благодарност кон граѓаните на Дебар и Центар Жупа, кои покажаа солидарност и соработка на потребното ниво во овој период, посебно за време на кризната состојба во ова подрачје која беше прогласена на 13 март и траеше еден месец, изјави за МИА, портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски.

Во рамки на превентивната кампања, полициските службеници ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење заштитни маски како најпотребно средство во одбраната од коронавирусот, за неопходноста од поседување и на останата заштитна опрема, држење на потребното меѓусебно растојание и за казнените одредби за непридржување до препораките.

Благодарност и признание за максималната ангажираност и придонесот на полициските работници во изминатиот период, во повеќе наврати искажа и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој воедно раководи и со општинскиот Оперативен штаб. вт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ