Утрински Весник
Македонија

Дебарските каратисти продолжуваат да редат успеси

Дебарските каратисти продолжуваат  да редат успеси

Дебар, 8 март 2020 (МИА) – Членовите на карате клубот „Уранику“ од Дебар, под водство на тренерот Дурим Пачуку, продолжуваат да нижат успеси.

На Државниот напревар во Скопје со медали се закитија четворица каратисти, колку што и учествуваа. Со тоа обезбедија место во Македонската карате репрезентација на Блканското првенство што ќе се одржи во Истамбул,Турција.

-Презадоволен сум од одличниот успех на наште каратистите. Да не бидам нескромен, но ова е продолжение на континуираниот успех на членовите на нашиот клуб. Во категорија кадетки до 47 килограми златен медал освои Сара Дука, додека бронзен Вениса Думани. Во категорија до 40 килограми со злато се закитија каратстите Азиз Рамадани и Рон Пашоли, изјави за МИА тренерот Пачуку.

Тој посебна благодарност за поддршката, без која децата не би можеле да патуваат на натпревари, искажа за градоначалникот Хекуран Дука, кој дава сестрана поддршка за клубот. вт/вг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јошевска Анастасовска: Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

Јаневска: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование

Следува стабилно и сончево време