Утрински Весник
Македонија

Дебарските занаетчии бараат од утре да почнат со работа

Дебарските занаетчии бараат од утре да почнат со работа
Dik 300x250 mk

Дебар,13 април 2020 (МИА) – Дебарските занаетчии, чии дуќани повеќе од еден месец се под клуч, бараат од утре,14 април, да почнат со работа.

Во барањето доставено до општинскиот Оперативен штаб се наведува дека имајќи ги во предвид давачките кои ги имаат, неработењето почнува да предизвикува финасиски проблеми, тоа влијае и врз економијата во градот и поширокиот регион, а ќе придонесе и за отпуштање од работа на многу лица.

-Бараме од Оперативниот штаб, да ни овозможи нам на занаетчиите да почнеме со работа  од утре, 14 април, со скратено работно време и тоа од 9:00 до 13:00 часот. За време на извршувањето на работата ќе се почитуваат сите мерки и препораки,како што е носење заштитни средства,маски и ракавици, одржување на социјална дистанца,како и дезинфекција на работните простории, стои во барањето потпишано од Реџеп Слова, претседателот на Регионалната комора на занаетчии.

Се наведува и дека целосно ќе се почитува периодот на полицискиот час, независно колку тој ќе трае.вт/бт/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош