Утрински Весник
Македонија

Дебарскиот пазар по два месеца се врати во нормала

Дебарскиот пазар по два месеца се врати во нормала

Дебар, 9 мај 2020(МИА) – По два месеца градскиот пазар во Дебар, денеска, кога е пазарен ден, почна да наликува на она што треба да биде. Освен неколкуте дебарски пазарџии беа и пазарџии од Тетово, Гостивар, Струга и Охрид, кои освен зеленчук и овошје, нудеа, како и претходно цвеќиња, мед и други производи.

Купувачите главно беа од општина Дебар и во минимална бројка од општина Центар Жупа, додека оние од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, ги немаше поради препораките на општинкиот Кризниот штаб да не се патува надвор од подрачјето на општината, по вчера потврдиот прв случај со коронавирус.

-Конечно градскиот пазар наликува на пазар. По кризната состојба што беше прогласена во општината и присуството на повеќе заболени од опасниот вирус, на пазарот немаше ниту понудувачи, ниту пак купувачи. Според информациите на Министертвото во нашиот град речиси еден месец нема ни новозаболени, па ете пополека се обидуваме да се враќаме и ние и градот во нормала. Секако треба да ја почитуваме мерката за физичка дистанца и носење заштитна маска, вели Башким Реџа,кого го затекнавме на пазарот.

Иако поголемиот број од присутните на пазарот носеа заштитни маски, сепак можеше да се видат, пред се купувачи, кои оваа мерка не ја почитуваа.

Иако официјално пазарот не беше завторен, веднаш по прогласувањето на кризната состојба, на 13 март, петок, во оваа и соседната општина Центар Жупа, на 14 март, сабота,  првпат пазарот беше целосно празен.

Пред појавата на коронавирусот градскиот пазар беше едно од местата во градот каде што фреквенцијата во саботните денови е најголема. Освен локални жители, тука да пазаруваат доаѓаа и жителите од општина Центар Жупа и подрачјето на Река, како и пограничните албански села.вт/скс/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ