Утрински Весник
Македонија

Дебарската ТППЕ доби командно теренско возило од Агенцијата за одземен имот

Дебарската ТППЕ доби командно теренско возило од Агенцијата за одземен имот

Дебар, 29 јуни 2020 (МИА) – Дебарската територијална противпожарна единица се обнови со тереско возило џип, како и професионална опрема.

-Командното теренско возило – џип широко го добивме од Агенцијата за одземен имот, за што сме многу благодарни. За нас ова е добредојдена донација, која ќе ни послужи за интервенции онаму каде што не можеме да стигнеме со поголеми возила, истакна Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Додаде дека локланата власт на Дебар, под чии закрила работи единицата, обезбедила неопходна опрема, професонално интервентни џизми, ракавци, како и обувки за сите 14-те пожарникари.

Дебарската единица освен во општина Дебар, интервенира и во општина Центар Жупа како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Во одделни случаи, од хуманитарен аспект, по барање на тамошните власти, а во договор со дебарските, итервенира и во пограничните села на албанска територија.

Командирот Мифтароски, за МИА, изјави дека од почетокот на годинава до сега регистрирале 57 интервенци, што е за 11 помалку споредено со истиот период лани.

Од вкупната бројка 47 се пожари, поголемиот број на објекти, пред се запалени оџаци, додека останатите 10 се технички интервенци. вт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција