Утрински Весник
Спорт

Дебакл на Серхио Рамос – два жолти картона за само четири минути

Дебакл на Серхио Рамос – два жолти картона за само четири минути

Лидерот во Франција, ПСЖ, синоќа се спаси од пораз кај претпоследниот на табелата, Лориен. Икарди со гол во самиот финиш, успеа да му донесе бод на својот тим.

Французите, по натпреварот, најмногу го коментираат изданието на Серхио Рамос. Легендата на Реал, кој во летниот преоден рок се пресели во Париз, беше исклучен во 85.минута.

Рамос во интервал од само четири минути доби два жолти картони.

Бројките на Рамос во ПСЖ се поразителни. Повреден дојде на „Паркот на принцовите“, минатиот месец целосно се рехабилитираше од повредата, поради што од можните 19 натпревари во Лига 1, одиграл 130 минути.

Три натпревари му беа потребни да го добие првиот црвен картон во ПСЖ.

Синоќа тој 27.пат во кариерата заврши натпревари поради црвен картон. 20 пати бил исклучен во Ла Лига, по еднаш во Суперкупот на Шпанија и во дресот на ПСЖ и пет пати во Лигата на шампионите, каде го држи неславниот рекорд со уште една легенда, Златан Ибрахимовиќ.

кликни тука и погледни како Рамос експресно доби црвен картон.

> Дебакл на Серхио Рамос – два жолти картона за само четири минути <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026