Утрински Весник
Спорт

Дебакл на Сасуоло во Неапол, голем кикс на Каљари

Dik 300x250 mk

Наполи го декласираше Сасуоло со 6:1, а Каљари доживеа непланиран пораз од Верона 1:2, во 35.коло во Серија А.

Наполи, во чии редови Елиф Елмас играше од 77.минута, за едно полувреме го растури Саусоло. Наполитанците во првиот дел постигнаа четири гола (Кулбали, Осимен, Мертенс, Лозано).

Во вториот дел Мертенс и Рахмани погодија за Наполи, а Лопез на три минути до крајот го постигна почесниот гол за Сасуоло.

Наполи со натпревар повеќе има четири бода помалку од лидерот Милан.

Каљари до крајот на сезоната ќе водат жестока борба за опстанок во лигата. Екипата од Сардинија го доживеа четвртиот пораз на последните пет натпревари. Барак и Капрари донесоа предност за Верона од 2:0. Намали на почетокот од вториот дел Жоао Педро со брилијантен гол.

Каљари сега има само три бода повеќе од екипите кои се во опасната зона.

> Дебакл на Сасуоло во Неапол, голем кикс на Каљари <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс