Утрински Весник
Свет

Двонеделен карантин за македонските државјани кои ќе одат во Албанија

Двонеделен карантин за македонските државјани кои ќе одат во Албанија
Dik 300x250 mk

Патниците од Грција и Северна Македонија ќе мора да седат во карантин во траење од 14 дена по влез во Албанија. Мерката ќе стапи на сила од вторник, 20 април, објави денеска албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата.

„Ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но, она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Мерката ќе биде на сила до 3 мај, пренесе порталот „Егзит“.

Исто така, било одлучено од утре наставата во средните училишта да се изведува комбинирано – и на училиште и преку интернет.

Комитетот исто така објавил дека во следните денови во Албанија ќе пристигнат 200.000 дози вакцини.

 

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил