Утрински Весник
Спорт

Двократната европска шампионка во кревање тегови од Романија дисквалификувана осум години поради допинг

Двократната европска шампионка во кревање тегови од Романија дисквалификувана осум години поради допинг

Букурешт, 26 март 2020 (МИА) – Двократната европска шампионка во кревање на тегови, Романката, Кристина Јову е суспендиран на осум години за кршење на правилата за анти-допинг, според веб-страницата на Меѓународната федерација за кревање тегови (ИВФ).

Како што се наведува во информацијата, суспензијата на 27-годишната Јову ќе се смета од 15 декември 2018 година. Романката беше дисквалификувана поради замена на крв за тетстирање.

Јову е освојувачка на бронзениот медал на Олимписките игри во 2012 година во категорија тежина до 53 кг.. Подоцна, МОК ја лиши од наградата поради позитивен допинг тест. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027