Утрински Весник
Македонија

Движење на екологисти: Ја поздравуваме одлуката на Советот на Велес за мерни станици за загадување на амбиентален воздух

Неколку прекршувања на полицискиот час на подрачјето на СВР Велес за викендот

Кавадарци, 5 јуни 2020 (МИА) – Ја поздравуваме одлуката на Советот на Велес за мерни станици за загадување на амбиентален воздух, се вели во соопштението на ДЕМ по повод 5-јуни, светски ден на животната средина.

Во него стои дека Движењето на екологистите во своето триесетгодишно делување секогаш дава безрезервна поддршка на секоја борба за еколошката идеја, независно дали е водена од поединци или институции, државни или граѓански.

-За конкретен случај со кој го одбележуваме денот на животната средина, одбравме да биде одлуката на Советот на Општина Велес за поставување на мерни станици за мерење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Велес на која следеше непостапувањето по истата од страна на градоначалникот, за по година ипол Уставен Суд да пресече во корист на одлуката на Советот и со тоа да го отвори патот за поставување на мерните станици, пишува во соопштението на ДЕМ.

Се додава дека во Велес „екологијата ја победи политиката”.

-А, изговорот на градоначалникот на Велес дека немаат потреба од мерни станици затоа што фабриките како потенцијални загадувачи со добивањето на Б интегрирана еколошка дозвола имаат обврска да не загадуваат, во најмала рака е наивен, бидејќи доколку во нашата држава се почитуваа сите закони и прописи, немаше да има ни загаден воздух, ни загадени реки и почва, диви депонии на секој чекор, легални депонии кои се обични купишта со ѓубре кое скоро секогаш е запалено и шири смрдеа и зараза, парапети на самиот брег на најстарото езеро во Европа, рудници во недопрени еколошки средини, фабрики со неконтролирани испусти на отпадни води, урбанизам на сметка на зеленило, а сето тоа во континуитет да е игнорирано од релевантните државни и локални институции, стои во соопштението на Двожењето на екологисти, потпишано од претседателот Никола Миленкоски.

ДЕМ, се нагласува, ги охрабрува сите надлежни лица во општините каде што нема поставено мерни станици, што поскоро да донесат одлуки за нивно поставување.

-Граѓаните заслужуваат да знаат каков воздух дишат, а нивните избрани претставници се првоповикани да им го овозможат тоа право. ДЕМ ќе достави официјално барање за покренување на постапки за поставување на мерни станици за мерење на загадувањето на воздухот до секоја општина поединечно. Ништо не е поважно од здравјето, стои во соопштението, а претседателот Миленкоски и потпретседателот Роберто Паризов, повикуваат сите да се ангажираат, да ја донесеме нашата околина до тоа ниво кога веќе нема да има потреба од денови на животната средина, туку секој ден и насекаде вистински да се грижиме за животната средина. свд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНР со апел до македонските граѓани да избегнуваат патувања кон Блискиот Исток

Таравари: Разочаран сум што ВРЕДИ од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Отпад гореше во близина на Куманово, црн чад го прекри градот