Утрински Весник
Македонија

Движење Антикоцкање: Нападнат наш член поради нашите активностите

Движење Антикоцкање: Нападнат наш член поради нашите активностите
Dik 300x250 mk

Тетово, 13 јуни 2020 (МИА) – Претставници на Движењето Антикоцкање на прес-конференција информираа дека нивен член бил физички нападнат поради, како што тврдат, активностите кои ги презема нивната граѓанска организација. Од Антикоцкање побараа институциите да реагираат соодветно.

– Вчера околу 17:30 часот, членот на Движењето Антикоцкање со иницијали З.А бил физички нападнат под изговор дека е ангажиран во битката за затворање на казината и обложувалниците. Нападот го извршил лице со иницијали М.М, работи во казино Адмирал. Ние од Движењето Антикоцкање остро реагираме за сторениот злосторнички чин на оваа личност и бараме да се преземе акција и сметам дека ова е напад на Движењето Антикоцкање.  Додека ние како Движењето Антикоцкање бараме институционално да се донесе законот за игри на среќа исто така одлучно бараме од органите на редот, од судството, лицето за кое станува збор да ја добие заслужената казна. Никој друг да не помисли дека може да преземат било каков чин макар и вербални испади према Движењето Антикоцкање, истакна Џемал Абдиу, претставник на Движењето Антикоцкање.

Случајот е пријавен и во СВР Тетово. Од таму потврдија дека З.А од Пршовце го пријавил инцидентот кој се случил на улицата „Илинденска“.

– Пријавителот посочил дека лицето со иницјали М.М на разминување по кратка вербална расправија му удрил тупаница по што паднал, а напаѓачот заминал.  Почната е истрага за утврдување на деталите од пријавениот случај, соопшти СВР Тетово.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање