Утрински Весник
Политички Партии

Движењето Беса поднесе кривична пријава против АВМУ

Движењето Беса поднесе кривична пријава против АВМУ

 

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба ма службена должност.
За поднесувањето на кривичната пријава информира преку објава со Фејсбук статус генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.
– Како што најавивме пред неколку месеци, денеска во името на Движење БЕСА поднесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година. На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби, истакнува Хоџа.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт