Утрински Весник
Свет

Две од децата повредени во несреќата во Бугарија ќе бидат пренесени во Софија

Две од децата повредени во синоќешната несреќа со српски автобус на автопатот Тракија во Бугарија, утрово ќе бидат пренесени во болницата во Пирогов во Софија.

dobivaj vesti na viber

Едниот од нив ќе биде префрлен на Детска неврохирургија на „Пирогов“, а другиот на операција, јавуваат бугарските медиуми.

Властите соопштија дека нема опасност по животот кај ниту еден од повредените.

Пациентот со ампутиран екстремитет е во добра состојба, и се наоѓа во болницата во Стара Загорје.

Се формира амбулантна организација за носење на децата до граница, од каде што ќе бидат преземени од српските власти.

Психолог веќе разговара со оние кои се сместени во хотел. Клинички психолог на болницата посветува внимание на жителите на медицинската установа.

Претходно полицијата и обвинителството соопштија дека на возачот на автобусот му е одреден 24 часовен притвор. Се чекаат истраги. Главните верзии во оваа фаза се – грешка на возачот или техничка неисправност на автобусот.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина