Утрински Весник
Македонија

Две награди за ученици од тетовското музичко училиште на меѓународен натпревар во Белград

Две награди за ученици од тетовското музичко училиште на меѓународен натпревар во Белград
Dik 300x250 mk

Тетово, 9 март 2020 (МИА) – Ерденај Сали прва награда со освоени 96.5 поени и Александар Ристовски со трета награда со 89.25 поени се вратија денеска од престижниот меѓународен натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија. Двајцата се ученици од основниот оддел на Државното музичко училиште во „Тодор Скалоски-Тетоец“.

-Ерденај кој е 10-годишен настапи со кларинет во преткатегорија Б, додека Александар кој има 13 години исто така со кларинет во категорија А. Во двете категории имаше по 12 натпреварувачи, а во Белград беа со професорот Новица Соколовски. Интернационално жири ги оценуваше настапите, информираат од училиштето.

Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ се одржува 16 години при што досега учествувале над 6.000 натпреварувачи од голем број европски земји. Музикото училиште „Даворин Јенко“ е основано 1951 година и претставува најголема установа за музичко образование во Србија. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина