Утрински Весник
Македонија

Две малолетни лица од Битола се повредени во сообраќајка со мопед

Синоќа во 21:58 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. Ружа Делчева  во Битола, мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка на мопедот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

Можете да прочитате

Дончиќ: За Македонија и Хрватска нема подобра опција од ЕУ

Две лица уапсени за семејно насилство во последните 24 чса

„Фингерпринтот” за докторите е понижувачки смета Филипче