Утрински Весник
Македонија

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Поднесено обвинение за две разбојништва во финансиски друштва
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје.

-На 15 февруари 2020 во 04:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото. Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите