Утрински Весник
Македонија

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро

Две лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајка што се случила на регионалниот пат кон велешкото езеро информира полицијата.

Вчера околу 23.15 часот на регионалниот пат од Езеро „Младост“ кон Велес, патничко возило „форд ка“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.А.(32) од Велес, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Е.А. и сопатничката В.И.(26) од Велес, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Намалена видливост на неколку патни правци

Трајановски: Власта ја дефокусира јавноста за да ја сокрие неспособноста да води држава 

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот