Утрински Весник
Македонија

Две лица се шетале низ Велес за време на полициски час

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против две лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Велес.

– Обвинетите во текот на викендот постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, донесена од Владата  на Република Северна Македонија. Во временски период додека бил во сила полицискиот час, пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес, соопштија од Обвинителство.

Истовремено, од Обвинителство информираат дека е предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АРМ во акција за гаснење на пожар: Испуштени 45 тони вода на најкритичните жаришта (ФОТО)

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Ангелов: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење