Утрински Весник
Свет

Две лица се убиени а 12 се повредени на роденденска забава во САД

Две лица се убиени а 12 се повредени на роденденска забава во САД

Две лица се убиени а 12 се повредени во пукотниците што се случиле на роденденска забава во Њу Џерси, објави американската полиција.

Триесетгодишен маж и 25 годишна жена беа убиени на фатална забава во куќа, а меѓу повредените кои беа пренесени во болница, едно лице е во критична состојба, јавуваат американските медиуми.

Според пишуваното во тамошните медиуми повеќе од сто луѓе учествувале на забавата.

Засега нема податоци за уапсени а полицијата продолжува да го испитува инцидентот.

Можете да прочитате

Трамп најавува силен удар врз Иран

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Фондацијата Роми за Европа и Ромскиот образовен фонд

Хегсет тврди дека САД не ја започнале војната со Иран