Утрински Весник
Македонија

Две лица приведени поради непочитување на полициски час во Тетово

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна
Dik 300x250 mk

Тетово, 14 мај 2020 (МИА) – Две лица приведени во полиција поради прекршување на мерката за ограничено движење и еден угостителски објект кој работел и покрај владината забрана. Ова е исходот од контролата на полицијата во изминатото деноноќие во тетовскиот регион по однос на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

 – Лицата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“ според член 206 од Кривичен законик. Угостителскиот објект е затворен, информираат од СВР – Тетово.

Во периодот од изминатите 24 часа, нови 28 лица се во изолација со решение од Државниот санитарен инспекторат, а контролирале вкупно 135  лица со претходни решенија. Решенија за самоизолација потпишале две нови лица, а е извршена контрола на 28 лица кои се уште се во самоизолација, се наведува во статистичките податоци од СВР – Тетово.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

Четири жени седнуваат на градоначалниките места – извојуваа победа на локалните избори