Утрински Весник
Македонија

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Две лица починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица на Ковид-19, 91 годишен пациент и 31 годишен пациент.

Како што информираше денеска на прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче 91-годишниот пациент бил хоспитализиран пред осум дена, а изутринава починал и пациент на 31 годишна возраст, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил во тешка клиничка состојба и од вчера бил ставен на респираторна машина.

Изминатите 24 часа, како што информираше Филипче, има 16 новодијагностицирани случаи, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 257 лица. Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.

На Инфективната клиника, додаде тој се примени тројца пациенти, од Скопје и од Куманово и во моментов таму има вкупно 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово