Утрински Весник
Македонија

Две лица од Штип затекнати при вршење на тешка кражба

Две лица од Штип затекнати при вршење на тешка кражба

Две лица од Штип биле затекнати при вршење тешка кражба од градежен објект, информира министерството за внатрешни работи.

Од таму дообјаснуваат дека вчера полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект.

Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице.

По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето” на Мијалков која беше дел од бомбите