Утрински Весник
Македонија

Две конфекции од Крива Паланка ќе донираат 3.500 маски за локалните институции и болницата

Две конфекции од Крива Паланка ќе донираат 3.500 маски за локалните институции и болницата

Крива Паланка, 24 март 2020 (МИА) – Околу три илјади заштитни маски за повеќекратна употреба изработуваат две конфекции од Крива Паланка кои ќе бидат донирани во општината, за локалните институции и Здравствениот дом од градот.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, информира дека поголема количина маски ќе бидат готови утре, а останатите до крајот на неделата.

-Состојбата е таква што сите во рамки на расположливите реурси и капацитети се вкчлучуваат за помош на населението и заштита од Ковид -19. Два конфекциски погони во градот, „Ала конфенции“ и „Амика Мика“ веќе интензивно работат на шиење маски и истите се финишираат. Дел од масите се наменети за локалните институции, за оние служби кои се постојано на терен, како и за Здравствениот дом, изјави Мицевски.

Од „Ала конфенции“ , текстилна компанија која е италијанска инвестиција и вработува околу 140 луѓе, а призведува заштитна ХТЗ опрема,  истакнаа дека раководството имајќи ја предвид пандемијата веднаш извршило набавка на соодветен материјал за маски и истите се подготвени.

-Околу 500 маски ќе доставиме до општината и 1.000 во болницата, а веќе се прави координација со локалните власти и се прилагодуваме согласно состојбата која се менува од час во час. Маските ќе бидат донација, наменети се за повеќе употреби, можат да се перат, вријат и пеглаат за дезинфекција, посочуваат од „Ала конфекции“.

И од „Амика Мика“ истакнаа дека по состојбата од недостиг на маски веднаш извршиле набавка на потребните материјали, ластици кои им недостасувале и веќе се направени 250 маски, другите се изготвуваат и вкупно 2.000 ќе бидат донирани.

Градоначалникот Мицевски им се заблагодари на компаниите, но и на сите невладини организации од општината, институции и политички партии, членови на општинскито совет, кои пријавиле лица кои волонтерски ќе се вклучат во активностите на мобилните тимови на терен, за помош и подршка на најзарозените граѓани, возрасни лица и боли изнемоштени.

-Инспекциските служби се на терен и ја следат состојбата и почитувањето на мерките, а Општина Крива Паланка и други локални институции ќе отстапат три возила на ОВР Крива Паланка додека трае вонредната состојба, рече Мицевски. ид/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Зад конфликтот во Галате се наѕира желбата на ДУИ преку вакви конфликти да се добере на власт

Муцунски на средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено                     

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање