Утрински Весник
Македонија

Две жртви во сообраќајка на мотоцикли кај село Мрзенци

Почина едно лице по тешката сообраќајка во Кавадарци, другото во критична состојба

Гевгелија, 24 април 2020 (МИА) – Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.

Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. им/вј/

фото: МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер

Ќе имаме два дена претежно суво време, но со појава на утрински мразеви

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ